Најраните списи кадешто се споменува билката Nigella sativa, односно нејзиното семе, се од стариот Египет. Најдено е во гробницата на Тутанкамон уште пред околу 3.300 години. Во арапската култура е нарекувано благословено семе. Позната е реченицата која, наводно, ја кажал исламскиот пророк Мухамед, дека црното семе е лек за сите болести освен за смртта.
Познатиот грчки лекар Хипократ пак, го користел за лекување на оние кои имале пореметување во метаболизмот и варењето. И традиционалната кинеска медицина повеќе од илјада години го препорачува за многу болести. Почнувајќи од дијабетес, преку пореметувања во варењето, па сѐ до рак. Благодарение на биолошките испитувања, многу негови дејствија биле потврдени кај луѓе кои боледувале од одредени болести.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.
Фото: Pexels