More

    Домот „Пелагонија“ нема топла вода

    spot_img

    Загрижувачка е ситуацијата во студентскиот дом „Пелагонија“, каде веќе со недели нема топла вода. Од здружението Студентски отпор велат во 21 век, за студентите е „научна фантастика да имаат топла вода.

    „Веќе со недели студентите од студентскиот дом „Пелагонија“ немаат услови за извршување на најосновните секојдневни потреби како туширање со топла вода. Ова е прашање од голема важност особено важно за добросостојбата на студентите сместени во домот. Додека студентите си ги бараат своите основни права, директорот вината им ја префрла токму на студентите велејќи дека тие ја злоупотребуваат и ја трошат топлата вода непотребно. Итно бараме ваша помош за споделување на овие информации со пошироката јавност. Од клучно значење е сите да бидат информирани за ситуацијата во студентските домови и ја охрабруваме соработката со вас и со јавноста за да се реши овој проблем навремено“ – велат од Студентски отпор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img