Кевин Андрес Муњоз Товар, млад колумбиски актер, кој глумеше за стриминг платформата „Нетфликс“ и „Епл ТВ“, беше пронајден мртов, со врзани раце и нозе.
Телото на младиот актер, кој имал 23 години, било пронајдено пред два дена во градот Тулуа со неколку рани од мачета, пренесуваат странските медиуми, пренесува британски „Сан“.
Полицијата соопшти дека осомничен за убиството е неименуван 19-годишен маж, кој е уапсен благодарение на дојави од граѓани, соопшти полицијата.
„Лицата што го повредија Кевин побегнаа од местото на настанот, но благодарение на информациите од заедницата, еден од нив беше фатен“, изјави началникот на локалната полиција.
Засега не се познати мотивите за нападот и убиството, но од приложеното може да се заклучи дека Кевин бил мачен до смрт. Истрагата сè уште е во тек.
Младиот актер играше споредна улога во филмот на „Нетфликс“ од 2020 година „Лаваперос“ и беше дел од актерската екипа на ТВ серијата „Ехо 3“ на „Епл“.
ФОТО: Инстаграм