Две лица со употреба на оружје зеле пари од менувачница во скопската населба Тафталиџе, веднаш зад студентскиот дом Гоце Делчев, откако на вработената ѝ се заканиле дека ќе пукаат во неа, дознава Плусинфо од свои извори.
Настанот се случил точно во 13.50, за што ни пристигна и потврда од СВР Скопје.
Оттаму додаваат дека во менувачница на подрачје на општина Карпош, две лица со закана со оружје од вработената одзеле пари, но нема точни информации за колкава сума станува збор.
Од СВР Скопје за Плусинфо велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и дека нема повредени во овој грабеж.