Фудбалскиот клуб Баерн е заинтересиран за играчот на Манчестер Јунајтед и поранешен француски репрезентативец Рафаел Варан.
Варан е незадоволен од својот статус во англискиот клуб, бидејќи поради повредите и лошата форма е на втор план на менаџерот Ерик тен Хаг.
Францускиот фудбалер оваа сезона одигра 11 натпревари за Манчестер и постигна еден гол.
Тој е член на клубот од „Олд Трафорд“ од 2021 година. Пред Манчестер Јунајтед, Французинот играше за Реал Мадрид и Ленс во Франција.
Германските медиуми тврдат дека Баерн е сериозно заинтересиран за Варан и сака да го ангажира францускиот фудбалер веќе во јануари. Челниците на Манчестер Јунајтед би можеле да бараат од 20 до 30 милиони евра отштета за францускиот фудбалер.
Сепак, Германците додаваат дека на Баерн ќе му биде тешко да го ангажира Варан поради неговата годишна плата која изнесува околу 20 милиони евра. Исто така, Јунајтед не е заинтересиран за позајмица, туку само за продажба на францускиот играч.
Варан по Светското првенство во Катар се повлече од француската репрезентација, а за националниот тим на „триколорите“ одигра 93 натпревари и постигна пет гола.