More

    Провокативниот настап на Мадона ги згрози луѓето

    spot_img

    Откако во јуни беше хоспитализирана поради сериозна, потенцијално фатална бактериска инфекција, Мадона ја продолжи својата турнеја „Селебрејшн“ (The Celebration) оваа есен.

    Изминативе денови се појави видео од нејзиниот концерт во Германија и провокативен настап со еден од танчарите.

    Имено, со песната „Papa Don’t Preach“, Мадона и нејзиниот танчaр се прегрнаа на креветот во долна облека и ги допираа интимните делови, а видеото брзо предизвика лавина негативни коментари.

    „Воопшто не ми се допаѓа ова. Како да ја гледам баба ми како го прави тоа“, „Дали таа мора да привлекува внимание на себе на овој начин?“, „Има 65 години и ова е толку непријатно за гледање“, напишаа фановите под видеото.

    Имало и такви кои застанаа во одбрана на поп-пејачката. „Имам 50 години и не се сеќавам што направив вчера, таа изгледа одлично“, „Луѓето треба да сфатат дека ова е уметничка изведба“, напишаа други.

    Меѓутоа, бројни обожаватели на поп кралицата напишаа дека тоа е во склоп на нејзиниот перформанс и беа одушевени од настапот на Мадона.

    Инаку, откако беше хоспитализирана, Мадона закрепнуваше неколку недели во својот дом пред да се врати на закажаната турнеја. „Закрепнувам и исклучително сум благодарна за сите благослови во мојот живот. Првата мисла, кога се разбудив во болница, беа моите деца“, напиша Мадона по излегувањето од болницата.

    „Друга мисла беше дека немав намера да го разочарам секој што купил билети за мојата турнеја. Исто така, не сакав да ги изневерам луѓето кои напорно работеа со мене во изминатите неколку месеци. Мразам да разочарувам“, додаде таа.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img