More

    Столтенберг пред македонските пратеници откри што го поврзува со Македонија

    spot_img

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред македонските пратеници во Собранието се наврати на детството и неговите спомени поврзани со Македонија, при што додаде дека овој дел од светот е многу важен за него.

    – Кога бев дете татко ми работеше во норвешката амбасада во поранешна Југославија. Тука живеевме три години и тука првпат го вкусив мојот прв сладолед, ги јадев моите први полнети пиперки и слушав „Ринге ринге јајa“. Навистина имам пријатни спомени од моето детство во поранешна Југославија. И оттогаш многупати сум се враќал во овој регион и во Македонија за да посетам пријатели како норвешки политичар, но и како генерален секретар на НАТО. Оттука, во 2018 година бев тука за отворањето на Столтенбергова улица која што го носи името на мојот татко, кој е почесен граѓанин на Скопје. Тоа беше признание за неговите напори, но и напорите на мојата мајка да им се помогне на оние кои настрадаа во земјотресот од 1963 година. Тие ја координираа помошта која пристигнуваше од Норвешка и им помагаа на оние кои останаа без дом. Во исто време, моите родители помогнаа во трансформација на болницата за туберкулоза во Козле во Институт за респираторни болести на деца. Оваа болница и денеска се грижи за децата и затоа овој дел од светот е важен за мене – кажа Столтенберг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img