More

    Хрватска ѝ возвраќа на Србија, од Загреб протеран српски дипломат

    spot_img

    По протерувањето на хрватскиот дипломат од Србија, ескалираат односите меѓу двете соседни земји. Хрватска денеска презеде реципрочна мерка и го прогласи за персона нон грата советникот на сропската амбасада во Загреб и тој мора да ја напушти територијата на Хрватска, соопшти на денешната прес конференција, хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.

    Од Министерството наведуваат дека се очекувала ескалација на односите во пресрет на изборите во Србија, но не очекувале протерување на дипломатот и дека ваквата состојба е загрижувачка.
    – Очекувавме ескалација, но не толку радикален потег, тоа не е вообичаено – изјави Грлиќ Радман за српското протерување на хрватскиот дипломат, првиот секретар на хрватската амбасада во Србија, Хрвој Шнајдер.

    Грлиќ Радман соопшти дека Хрватска презела реципрочна мерка.

    – Одлучивме да го прогласиме советникот на српската амбасада во Хрватска за персона нон грата во Хрватска. Нотата е доставена до амбасадорот и во неа е наведено дека советникот мора да ја напушти територијата на Република Хрватска – рече хрватскиот министер за надворешни работи.
    Хрватскиот министер истакна дека ги отфрла основите поради кои хрватскиот дипломат бил протеран од Србија.

    – На хрватскиот амбасадор не му беше дадена причина, речено му е дека не треба да се дава причина. Не ги знаеме причините за одлуката, што е уште позагрижувачко. Ние не го очекувавме ова, очекувавме рака од Србија. Србија така постапи, ние само реципрочно одговоривме – рече Грлиќ Радман.
    За потсетување, Министерството за надворешни работи на Србија го прогласи првиот секретар на хрватската амбасада во Србија, Хрвоје Шнајдер за персона нон грата бидејќи „грубо отстапил од дипломатските норми“ – соопштија денеска од српското МНР, без да дадат дополнителни детали.

    Српските медиуми објавија дека станува збор за „документирана шпионажа и врбување за работа за хрватската служба“ како и дека српската агенција БИА (Безбедносно-информативна агенција) „разоткрила хрватски дипломат кој се обидел да создаде агенциска мрежа во Белград“, а наведуваат и дека „контактирал со луѓе од политиката, бизнисот и медиумите“.

    Хрватското МНР ги отфри основите за протерувањето на нивниот дипломат од Србија и истакна дека оваа одлука на Србија е чекор кон влошување на меѓусебните односи на двете земји.

    „Министерството за надворешни и европски работи изразува жалење за одлуката на Република Србија да го прогласи првиот секретар на Амбасадата на Република Хрватска во Белград за персона нон грата. Целосно ги отфрламе основите за протерување на акредитиран хрватски дипломат. Споменатата одлука на Република Србија претставува чекор кон влошување на меѓусебните односи, како и натамошно дестабилизирање на чувствителните регионални политички и безбедносни ситуации во време кога стабилноста во Југоисточна Европа е од исклучителна важност за цела Европа“ – се вели во соопштението од хрватското МНР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img