More

    Зеленски вели дека украинските разузнавачки служби спречиле најмалку пет или шест обиди за атентат врз него

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека украинските разузнавачки служби спречиле најмалку пет или шест обиди за атентат врз него. Во интервју за британски „Сан“ тој ги спореди обидите за атентат со инфекција со ковид-19.

    – Првиот (атентат) е многу интересен, бидејќи е прв пат, а после тоа е исто како ковид – рече Зеленски.

    Тој вели дека првиот обид донел и паника, но подоцна тоа се изменило и станало рутина.

    – Прво, луѓето од разузнавањето не знаат што да прават со тоа и изгледа многу страшно. А потоа, тоа се само разузнавачки податоци во кои тие ви даваат детали дека уште една група дошла во Украина за да се обиде да го стори тоа – рече Зеленски.

    Добропозната приказна е дека руски специјалци се спуштиле со падобрани во Киев на првиот ден од инвазијата на Путин минатата година, со цел да го убијат Зеленски. Телохранителите на украинскиот претседател ја запечатиле неговата канцеларија со импровизирани барикади и со плочи од иверица. Но, кога британските и американските функционери понудија да го евакуираат украинскиот претседател надвор од главниот град поради стравувањата дека Киев може да падне за неколку часа, тој одговори со добро познатата реплика: „Мене ми треба муниција, а не транспорт“.

    Подоцна, додека беснееја битки околу Киев, Зеленски излезе надвор од комплексот за да направи пркосно селфи видео кое го собра отпорот на Украина докажувајќи дека сè уште е во главниот град.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img