СОНК доби покана за продолжување на преговорите во 15 часот во просториите на МОН, објави синдикалниот лидер, Јаким Неделков.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска истакна дека е подготвен сум да направи отстапки од повеќе инвестициски и други активности кои се дефинирани во програмата за работа на МОН за оваа календарска година, а кои предизвикуваат фискални импликации, се’ со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближат до процентот на покачување на платите на наставниците кој го бара СОНК.
Шаќири истакна дека ова го побарал и од другите министри во Владата и во истото гледа опција преку која би можело да се постигне решение во рамки на социјалниот дијалог со синдикатот.
СОНК ваквата одлука ја поздрави и посочи дека ова треба да биде добар пример и поттик за Министерството за труд и социјална политика во правец на надминување на моменталната ситуација.
Од Министерството за труд и социјална политика, пак, ја информира јавноста дека од вкупно 75 Јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, во 25 предучилишни установи за деца денес воопшто не се штрајкува. Додека пак, во 50 предучилишни установи штрајкуваат само дел од вработените. Односно, во штрајк се околу 45 проценти од вкупниот број на вработени од установите каде што се штрајкува.