More

    Македонија води во Скопје на полувреме против Англија

    spot_img

    Македонската фудбалска репрезентација води против Англија со 1-0 по првото полувреме на натпреварот кој се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

    „Гордиот Албион“ имаше повеќе од играта, ја имаше топката во своите нозе, упати повеќе удари, меѓутоа избраниците на Милевски ја дочекаа својата шанса и успеаја да постигна гол за наше водство.

    Имено во првиот дел имаше една спорна ситуација при дуелот меѓу Елмас и Мегваер при кој судијата Глова не се реши да покаже на белата точка, ама неколку минути подоцна невнимателниот Луис го закачи Миовски во лицето по што со помош на ВАР беше покажан пенал при кој одговорноста ја презема капитенот Енис Барди.

    Пикфорд го прочита нашиот фудбалер, но топката се врати кај Барди кој од втора ја затресе мрежата за задоволство на нашите фудбалери и навивачи.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img