More

    Министерот Бочварски најави влез на нови оператори во железничкиот сообраќај

    spot_img

    Претприајтието „Македонски железници – Транспорт“ не ја врши работата што ја очекуваат граѓаните од него. Поради тоа, во Собранието е законот за либерализација на превозот, на железничкиот сообраќај и очекувам по неговото изгласување, веќе од почетокот на наредната година да ги отвориме вратите на други оператори од регионот кои сакаат да оперираат по македонските железнички пруги. Со тоа ќе ја подобриме и конкурентноста и конкуренцијата, а и граѓаните и компаниите ќе видат бенефит, бидејќи со вакво темпо, убеден сум дека бавно се движи реализацијата на сите процеси кои ги земало ова претпријатие, рече денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

    Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во реконструкцијата на улицата „Леце Котески” во Прилеп, Бочварски истакна дека години и децении наназад „Македонски железници – Транспорт“ работи тешко, во тешки услови, со финансиска поддршка од Владата, за да може да реализира одреден број линии од оперативниот план.

    – Факт е дека до пред две години Владата како субвенции за оваа претпријатието исплаќаше шест – седум милиони евра годишно за одреден број линии за патничкиот сообраќај. Минатата година финансиски помогнавме 15 милиони евра, а ова година очекувам поддршката да стигне некаде до 25 милиони евра. Сега ќе го поставам прашањето – дали граѓаните се задоволни од тоа што го прави „МЖ – Транспорт“ и дали ние како Влада сме задоволни? Апсолутно и граѓаните и Владата, сите заеднички ќе констатираме дека тоа претпријатие не ја врши работата што ја очекуваат граѓаните од него – напомена министерот.

    Според него, либерализацијата значи дека ќе се овозможи да влезат и други оператори доколку има заинтересирани да оперираат на македонските железнички пруги.

    – Ние сме една од двете земји во регионот која што се уште нема либерализација и сите држави коишто вовеле либерализација после неколку години веќе сообраќајот бил подигнат на едно повисоко ниво и за потребите на економијата и за потребите на граѓаните, така што либерализацијата не значи продажба. Либерализацијата значи отворање на пазарот за повеќе оператори да можат да оперираат по македонските железнички пруги – нагласи Бочварски, додавајќи дека денеска се гласа законот за либерализација.
    Тој дополни и дека ќе продолжи изградбата на железничките пруги кон Бугарија.

    – Активно се работи на двете делници за пругата кон Бугарија. Проектот е со најголема инвестициска вредност од независноста на државата до денес, 200 милиони евра – рече денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Како што истакна, одговорајќи на новинарски прашања, тендерот за третата и најтешка делница се очекува да биде распишан до крајот на оваа година.

    За брзата пруга Скопје – Ниш, пак, информира, во рок од 30 дена ќе се направи акциски план.

    – Склучивме договор пред две години со една, па потоа и со втора компанија за втората делница за пругата кон Бугарија. Активно се работи на двете делници. Градбата на првата делница очекуваме да заврши некаде на крајот на наредна година, а да продолжи да се работи на втората и секако, очекувам да биде распишан тендерот и за третата и најтешка делница до крајот на оваа година бидејќи таа се работи согласно ИПА-процедурите на ЕУ и во финална фаза сме пред распишување на тендерот за избор на изведувач и на третата фаза. Тоа се големи проекти што имаат вредност на чинење по 500, 600 милиони евра и за нивна реализација е потребно време. Но, зошто 30 години досега тие проекти не биле реализирани, е прашање што треба да се постави на оние кои во минатото ги управувале институциите, рече Бочварски по увидот во реконструкцијата на улицата „Леце Котески” во Прилеп.

    За брзата пруга Скопје – Ниш, информира, во рок од 30 дена ќе се направи акциски план од страна на работни групи од двете страни кои ќе ги прецизираат чекорите и постапките.

    – Она што ние денеска го правиме е комплетно отворање на сите процеси, и на пругата кон Бугарија, и на пругата што ја завршивме Битола – Меџитлија, и на автопатот Прилеп – Битола и на експресниот пат кон Прилеп кој исто така 20 години се ветува на секоја изборна кампања. Граѓаните го слушаат тоа ветување, но денеска сето ова се работи. Така што, во однос на брзата пруга можам да истакнам дека во рок од 30 дена ќе се направи акциски план од страна на две работни групи од двете страни кои ќе ги прецизираат чекорите, постапките, делумно и начините на проектирање и синхронизација на целиот проект. Дополнително, ние веќе го одобривме Законот за задолжување за изградбата на заедничкиот железнички граничен премин Табановце што ќе се гради од македонска страна, а ќе биде заеднички за двете страни. Ова се проекти кои навистина даваат друга слика и убеден сум дека во наредните години ќе гледаме и нивна реализација и пуштање во употреба – потенцира министерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img