Претникот на Левица, Борислав Крмов на денешната седница, искрши еден монитор и фрлаше хартии кон потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, а потоа му се придружи и Димитар Апасиев.
Крмов побара збор кога се дискутираше за измена на Деловникот и побара од потпретедателот на Собранието да ја прекине седницата.
Откако почна да ги фрла печатените материјали, Крмов посегна кон масата од која се водат седниците, ги фрли сите предмети пред него и искрши еден монитор, по што продолжи да фрла хартии низ салата.
Двајцата пратеници претходно побараа да се прекине седницата бидејќи дел од нивните амандмани не се архивирани.
Пратениците со 87 гласа за и 3 против го усвоија дневниот ред во Собранието.
Апасиев сметаше дека без преседан е фрлањето на 2500 амандмани и дека Собранието се става над Уставот. Амандманите се однесуваат на измените на собранискиот Деловник.
Пратениците побараа седницата да биде прекината додека нивните амандмани не бидат разгледани. По ова, Мисовски беше принуден да даде половина час пауза.