More

    Трикови со чија помош обувките стануваат водоотпорни

    spot_img

    Ноември е месец познат по врнежите, а за да не ви се навлажни стапалата, имаме неколку трикови кои ќе ги направат вашите обувки поотпорни на вода.

    Единствени обувки за кои се смета дека се водоотпорни се гумените чизми, а сите продавачи се оградиле со декларација на која најмногу пишува „за суво време“. Недостаток на гумените чизми е вкочанетоста и студеноста, па затоа се многу непријатни за носење.

    Во продолжение прочитајте кои трикови можат да ви помогнат да ги направите чевлите поотпорни на вода, а ќе ви помогнат да го одржите сјајот и квалитетот на чевлите.

    Ималин
    Ималин е алатка за нега и одржување на кожни обувки што се користи уште од античко време. Денес на пазарот има и безбојни сорти на ималин кои можат да се купат, што ќе ги направи обувките водоотпорни, но и повеќе сјајни.

    Пчелен восок
    Од голема помош ќе ви биде и пчелин восок. Ако не можете да стигнете до восокот, може да ви помогне и обичната свеќа, само внимавајте да изберете бела, за да не добиете никаква боја на чевлите.

    Чевлите добро истријте ги со восок или свеќа и оставете бел слој врз нив, а потоа вклучете го фенот на највисока температура и почнете да го топите восокот.

    Вазелин
    Ако имате проблеми со кожените чевли, секогаш можете да користите вазелин за да ги направите чевлите привремено водоотпорни. Ќе треба прво да ги исчистите чевлите, а потоа едноставно да ги премачкате со вазелин и тоа ќе ја заврши работата исто толку добро.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img