More

    Поранешната девојка го обвини за силување, па направија договор

    spot_img

    Шон Комбс попознат како Пи Диди и неговата поранешна девојка Касандра Каси Вентура постигнаа спогодба само еден ден откако пејачката поднесе тужба во која го обвини раперот и музичкиот продуцент дека ја тепал и силувал во текот на десетте години во врска.

    Како што наведуваат во соопштението, „побарувањата во тужбата ги решиле на заемно задоволство“.

    Двете страни додадоа дека нема да бидат објавени повеќе детали за условите на договорот.

    „Одлучив да ја решам оваа работа пријателски под услов да имам одреден степен на контрола“, рече Кеси Вентура. „Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, обожавателите и адвокатите за нивната непоколеблива поддршка“, рече пејачката.

    И раперот истакна дека сè сакале да решат „пријателски“.

    „Одлучивме да ја решиме оваа работа спогодбено. На Кеси и на нејзиното семејство им посакувам сè најдобро. Љубов“, рече Пи Диди во својата изјава.

    Вентура и Комбс се запознале во 2005 година, кога таа имала 19 години, а тој 37. Потоа била потпишана со неговата издавачка куќа „Бед бој рекордс“, а двајцата подоцна почнале да излегуваат. Во својата тужба, Кеси тврдеше дека била заробена во 10-годишен „циклус на злоупотреба, насилство и сексуална трговија“.

    Според некои извори, спогодбата меѓу Диди и Кеси го чинела раперот 100 милиони долари.

    Во меѓувреме, друга девојка изнесе обвинувања против П Диди.

    Обри Одај изјави дека ја поддржува Кеси откако нејзината тужба стана јавна. Целосно ја поддржувам“, објави поп ѕвездата пред два дена.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img