Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, синоќа дојде во Сараево, а денеска закажа неколку средби. Тој утрово се сретна со претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто и со членовите на Советот на министри на Босна и Херцеговина.
Имено, Кришто најпрвин го угости Столтенберг во зградата на институциите на БиХ, по што им се придружи и делегацијата на Советот на министри, меѓу кои и министерот за надворешни работи на БиХ Елмедин Конаковиќ, неговиот заменик Јосип Бркиќ и министерот за одбрана Зукан Хелез.
Како што беше претходно најавено, прес-конференцијата се очекува во 9:15 часот.
Да потсетиме, членовите на Претседателството на БиХ синоќа разговараа со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој допатува во работна посета на Босна и Херцеговина.