Поранешната прва дама на САД Розалин Картер, најблиската советничка на Џими Картер за време на неговиот мандат како претседател на САД и хуманитарна работничка во текот на четири децении, почина денеска на 97-годишна возраст.
Картер центарот соопшти дека Розалин Картер починала по неколку месечно нарушенo здравје и долгo боледување од деменција. Се наведува дека таа починала мирно, опкружена со семејството, во нејзиниот дом во јужна Џорџија.
Семејството Картер во мај оваа година соопшти дека поранешната прва дама има деменција, но продолжува да „живее среќно во куќата во Плејнс, Џорџија“.
Џими и Розалин Картер се венчале во 1946 година кога тој имал 21, а таа 18 и биле во брак повеќе од 77 години. За разлика од многу претходни први дами, Розалин присуствуваше на состаноците на кабинетот, зборуваше за контроверзни прашања и го претставуваше нејзиниот сопруг на патувањата во странство. Џими Картер беше претседател на САД од 1977 до 1981 година.