Војната достигнува точка од која нема враќање, кога ќе се прекршат сите правила, изјави генералниот комесар Филип Лазарини, шеф на УНРВА, агенција на ОН за помош во воени подрачја.
– Имаше директни удари врз 17 објекти на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа од 7 октомври, каде што се засолниле илјадници раселени Палестинци. Меѓу нив беа и две училишта погодени во петокот и саботата, Ал Фалах/Зејтун и Ал Факура, каде што се засолниле до 11.000 луѓе. Ова е уште еден доказ дека никој никаде не е безбеден во Газа. Уште еднаш беа погодени засолништата кои требаше да обезбедуваат безбедност и заштита на цивилите, при што загинаа многу луѓе, вклучително и деца. Овие дела не само што се отворено против правилата на војната, туку покажуваат и целосно непочитување на човештвото. Нашата агенција редовно ги споделува координатите на овие згради со страните во конфликтот. Оваа маѓепсана војна достигнува точка од која нема враќање, точка во која се кршат сите правила, со отворено непочитување на цивилниот живот – рече Лазарини.