More

    ПЕТГОДИШНО ДЕТЕ ПОЧИНА ПО ВАДЕЊЕ ЗАБ

    spot_img

    Властите во турската провинција Бурса затворија една стоматолошката клиника и ги истражуваат нејзините активности по смртта на петгодишното дете Дениз Сонмез, набргу откако му бил изваден заб.

    Родителите на момчето, Елена и Ајдин Сонмез, во полиција изјавиле дека на 10 ноември го однеле синот на преглед во приватна стоматолошка амбуланта каде му бил констатиран кариес. Лекарите извадиле еден заб под општа анестезија и ставиле пломби на четири заби.

    Веќе за време на прегледот детето почнало да крвари, температурата му се покачила и детето почнало да се тресе. И покрај тоа, лекарите само му препишале лекови и го испратиле дома.

    Набрзо состојбата на детето се влошила и родителите го однеле во државна болница, но лекарите не успеале да го спасат. Момчето починало на 13 ноември од откажување на повеќе органи поради недостиг на кислород.

    Надлежните ја запечатиле болницата на еден месец од 16 ноември, а обвинителството почнало истрага.

    Родителите на момчето изјавиле дека анестезиологот не направил никакви тестови пред анестезија и дека ја напуштил клиниката без да чека детето да се освести по операцијата.

    Тие исто така изјавиле дека цевката што била ставена во грлото на детето за време на операцијата го пробила аденоидот и крварењето што следело му ги наполнило белите дробови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img