More

    Додека Хамас се придржува на својата идеологија, прекинот не е мир

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли повиците за прекин на огнот во Газа, велејќи дека тоа нема да донесе мир.

    „Сè додека Хамас се придржува до својата идеологија на уништување, прекинот на огнот не е мир. Хамас ќе користи каков било прекин на огнот за да ги обнови своите ракетни резерви, да ги прегрупира борците и да ги повтори нападите врз невините“ – напиша Бајден во текст за Вашингтон пост.

    „Нашата цел не треба да биде да ја запреме војната денес, војната треба да заврши засекогаш. Треба да го прекинеме циклусот на континуирано насилство и да изградиме нешто силно во Газа и на целиот Блиски Исток за да не се повтори историјата“ – додава американскиот претседател.
    Бајден, исто така, го повика Израел да го почитува хуманитарното право и да ја минимизира загубата на цивилни животи. Тој истакнува дека решението за две држави е единственото трајно решение за конфликтот во регионот и дека во меѓувреме треба да има влада под палестинската администрација.

    „Додека се стремиме кон мир, Газа и Западниот Брег треба повторно да се обединат под единствена владејачка структура, на крајот под ревитализирана палестинска управа, додека работиме на решение за две држави. Не смее да има принудно раселување на Палестинците од Газа, нема повторно – окупација, опсада или блокада и намалување на територијата“ – напиша Бајден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img