51-годишен струмичанец е приведен од охридската полиција откако е фатен на дело при извршување на кражба во продажен објект.
„На 18.11.2023 околу 14.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.М.(51) од Струмица. Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект, при што одзел повеќе предмети. Одземеното било вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ – стои во известувањето од МВР.