Израелските сили наредиле евакуација на болницата Ал Шифа „во следниот час“ преку разглас во саботата наутро, јави репортер на АФП од местото на настанот.
Тие го повикаа директорот на болницата, Мохамед Абу Салмија, да му наложи да обезбеди „евакуација на пациентите, ранетите, раселените лица и медицинскиот персонал и да продолжи пеш кон брегот“.
Салмија во четвртокот за Ал Џезира изјави дека во болницата има 650 ранети пациенти и 5.000 раселени лица.
Израелските трупи оваа недела започнаа повеќекратни претреси на болницата за знаци на Хамас, за која Израел вели дека има команден центар скриен под медицинскиот комплекс.
Хамас и персоналот во болницата, најголемата во Газа, ги негираат наводите.