УНИЦЕФ во Србија објави дека започнува кампања за привлекување внимание на децата и семејствата кои се соочуваат со предизвиците на сиромаштијата.
„УНИЦЕФ ги повикува поединците и бизнис заедницата да покажат солидарност и да ги поддржат оние на кои помошта им е најпотребна. Светот се соочува со сложени и меѓусебно поврзани кризи кои влијаат на животот и благосостојбата на децата ширум светот. Во Србија децата ги чувствуваат последиците, бидејќи ниедна криза не е изолирана и лесно се прелева од една во друга земја. Податоците на УНИЦЕФ откриваат дека едно од десет деца во Србија живее во сиромаштија, со тенденција на зголемување поради влијанието на глобалните кризи“, се вели во соопштението.
Објаснето е дека граѓаните и бизнисите во Србија можат да се приклучат на УНИЦЕФ и да донираат преку веб-страницата donacije.unicef.rs или со уплата на сметката на Банката Интеса, број: 160-666-18, цел на плаќање: хуманоста е најголемиот подарок .
Донациите собрани преку оваа кампања ќе овозможат имплементација на програми за помош на децата и семејствата во Србија, вклучително и исплата на еднократна парична помош, професионална поддршка за децата со пречки во развојот и обезбедување помошна технологија за поддршка на децата во учењето.