Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Филипините, а на снимките од градот Генерал Сантос објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓето панично врескаат и бегаат од трговски центар.
Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени ги погоди Филипините, а EMSC објави дека е издадено предупредување за цунами.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 70 километри, а се случил во 16:14 часот по локално време, јавува Дневник.хр.
Епицентарот на земјотресот бил во морето југоисточно од островот Минданао, но силно бил почувствуван на копно. На снимките од градот Генерал Сантос објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓето во паника врескаат и бегаат од трговски центар.
Оваа снимка од земјотресот доаѓа од градот Давао.