More

    Клучниот доказ против мајката на момчето убиец Коста К. е трага од нејзината ДНК пронајдена на една од чаурите од пиштолот

    spot_img

    Клучниот доказ против мајката на момчето убиец Коста К. е трага од нејзината ДНК пронајдена на една од чаурите од пиштолот. Српски Телеграф пишува дека ова сугерира дека во одреден момент таа го држела куршумот кој подоцна бил испукан во училиштето каде беше извршен масакрот.

    Се работи за куршум од марката „Чешка Збројевка“. Чаурата била пронајдена во близина на вратата од кабинетот по историја каде Коста К. влезе и ги застрела соучениците.

    Миљана Кецмановиќ е обвинета за кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи и се соочува со затворска казна од 2 години и 6 месеци.

    Таа исто така добила забрана за приближување, средба и комуникација со нејзиниот син и била предупредена дека може да ѝ биде изречена построга мерка доколку ја прекрши забраната.

    Вонсудскиот кривичен совет на Вишиот суд во Белград вчера го потврди обвинението кое на 10 октомври беше покренато против Владимир Кецмановиќ, таткото на момчето, за неговата мајка и за сопственикот на стрелиштето и инструкторот за стрелање.

    Таткото се товари за тешко кривично дело против општата безбедност, додека обвинетите М.К. Р.И и Н.М добија кривична пријава за извршување на кривично дело давање лажна изјава.

    Против горенаведеното решение е дозволена жалба до Апелациониот суд во Белград, во рок од три дена од денот на приемот на решението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img