Антибиотиците се лекови наменети за борба против бактериски инфекции. За да се обезбеди нивната максимална ефикасност, од клучно значење е да знаете како правилно да ги користите.
Тие не можат да се добијат без лекарски рецепт. Тој ќе процени дали е неопходен третман со антибиотици, а доколку е потребно ќе го препише соодветниот третман.
Важно е да се напомене дека антибиотиците не треба да се делат со други, дури и ако мислите дека тие ви помагаат. Секој антибиотик е внимателно одбран за одредена цел, а земањето лекови кои не ви се препишани може да биде штетно и непотребно, пренесува Данас.
Кога ќе почнете да земате антибиотици, важно е да се придржувате до пропишаните дози. Не треба сами да ја менувате дозата без претходно да се консултирате со вашиот лекар.
Точната доза обезбедува ефикасна борба против бактериите. Исто така, важно е да се земаат антибиотици во редовни интервали за да се одржи константна концентрација на лекот во телото.
Најважната забелешка е да го завршите целиот пропишан курс на терапија, дури и ако се чувствувате подобро пред да заврши.
Престанокот на терапијата пред да го завршите целиот курс на антибиотици може да резултира со развој на отпорност на бактериите на лековите.
Исто така, прекумерната и неоправдана употреба на антибиотици може да доведе до создавање на резистентни бактерии за кои постоечките лекови не можат ништо да направат. Ваквите предвидувања не се научна фантастика.