More

    Нетанјаху призна дека не успеале да ги намалат цивилните загуби во Газа

    spot_img

    Израел прави сe што може за да спречи опасност за цивилите додека се бори со Хамас во Газа, вклучително и објавување летоци со предупредување, но обидите да се минимизираат жртвите „не беа успешни“, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху.

    Во интервју за Си-Би-Ес тој беше прашан дали убиството на илјадници Палестинци од страна на Израел додека се одмаздува за нападот на 7 октомври од милитантите на владејачката група во Газа – Хамас „ќе ја нахрани новата генерација со омраза“.

    – Секоја цивилна смрт е трагедија. А, не треба да имаме ниту една, бидејќи правиме се што можеме за да ги извлечеме цивилите од опасност, додека Хамас прави се за да ги држи пред својот нишан. Испраќаме летоци, (ние) им се јавуваме на нивните мобилни телефони и велиме: Заминете. А, многу од нив заминаа. Другото што можам да го кажам е дека ќе се обидеме да завршиме со минимални цивилни жртви. Тоа е она што се обидуваме да го направиме: минимални цивилни жртви. Но, за жал, не успеваме –  рече Нетанјаху.

    Здравствените власти во Газа велат дека најмалку 11.500 луѓе се убиени во израелското бомбардирање и копнена инвазија – повеќе од 4.700 од нив се деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img