More

    Антикорупциската комисија доби претставка од СДСМ

    spot_img

    Советничката група на СДСМ во општина Штип поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција за, како што го нарече, скандалот „Кумска врска” во кој тендер вреден 20.000 евра е даден на фирма чии сопственици се поврзани со член на управен одбор на ЈП Исар.

    Очекуваме, во рамки на своите надлежности, ДКСК да постапи, да го истражи скандалот „кумска врска” во општина Штип и да утврди дали постои судир на интереси.

    Јавноста е запознаена за овој скандал што ја тресе општина Штип раководена од градоначалникот од ДПМНЕ Иван Јорданов.

    – Тендер вреден 20.000 евра е доделен од ЈП Исар на фирма чии сопственици се во роднинска врска со член на Управниот одбор на ЈП Исар, Методи Јорданов, поточно нивни зет. Дополнително, освен што е во роднинска врска со сопствениците на фирмата Методи е кумашин токму на градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

    Повикуваме ДКСК да отвори предмет за скандалот и да утврди, како тоа пари на граѓаните завршуваат во џебовите на семејно-кумските врски во Штип“ – изјави денеска Трајче Стојчевски, советник во Советот на општина Штип и потпретседател на СДММ.

    Како што претходно објави СДСМ, на 22 март оваа година ЈП Исар од Штип склучило Договор за набавка на стоки со штипската фирма АН-БЛА ДООЕЛ Штип. Договорот се однесува на набавка на храна за вработените и е на износ од 1.257.900 денари со ДДВ, односно околу 20.000 евра.

    Фирмата АН-БЛА ДООЕЛ Штип е во сопственост на Зоранчо Глигоров, а управител, односно директор е неговата сопруга Снежана Глигорова. Зет за ќерка на семејството Глигорови е Методи Јорданов, кумашин на градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов. Истовремено Методи Јорданов од 2021 година е именуван за член на Управниот одбор на ЈП Исар од Штип.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img