More

    ЈП „Државни патишта“за 200 кубици тампон исплатило 15.000.000 евра на фирма со косовски капитал формирана 1 недела пред објава на тендер!!

    spot_img

    Јавното претпријатие ,предводено од кадарот на ДУИ Ејуп Рустеми, постана златна кокошка или главна перилница на пари за потреби на фамилијарниот бизнис на челниците од ДУИ.

    Артан Груби од скопски Чаир со изјава “Албанците ја водат Македонија“, тотално бил Груби во право, не само да ја водат , туку масовно постануваат милијардери на терет на граѓаните на Македонија,за потоа перите во дел испрани преку ЈП „ДП“, да ги вметнат во бизниси на нивните синови, внуци и да ги престават како деца со сенс за бизнис,које ќе купуваат атрактивни бизнис центри низ Македонија и странство,секако им се може!

    Тампонирање на банкини во должина од 15 километри,вреден 15.000.000 евра?!

    „БИОН ДОО Тетово известува дека од 20.05.2023 година на патниот правец “Државен пат А3, делница: Буково – Охрид, подделница Буково – влез во Охрид” ќе има измена на времениот режим на сообраќај поради изведување работи што се предвидени на објектот “Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на државен пат А3, делница Буково – Охрид, подделница Буково – влез во Охрид”,известија тогаш од изведувачот !

    На државен пат А3, делница: Буково – Охрид, подделница Буково – влез во Охрид,требаше според проектната документација да се работи на тампонирање на банкини и изградба на потпорни ѕидови долж течението на коселска река на потег Косел- Свиништа.

    На тендерот се јавиле 6 фирми ,меѓу кој и фирма од Р.Косово формирана една недела пред објавување на тендерот од страна на ЈП „Државни патишта “ предводена од Ејуп Рустеми.Нормално во вакви услови на анархија на кадрите на ДУИ , работата ја зема новоформираната фирма со косовски капитал БИОН ДОО Тетово.Останатите фирми вложуваат жалби , но и покрај вложените жалби од ЈП „ДП“  склучуваат договор со новоформираната фирма со косовски капитал, а жалбената постапка завршува по истек на градежните работи,секако одивателна поради како што изјавил член на комисијата„Виша сила“!!!!

    Од страна на изведувачот кој го одбрал ЈП „ДП“-Ејуп Рустеми, извршено во партизански стил само тампонирање на банкините во должина од некаде 10 километри,од потег с.Косел до превој Буково,а делот влез во Охрид до потег с.Косел не е ниту пипнат!!Исто така спорен сегмент е и фактот дека не е изграден ниту еден потпорен ѕид на оваа делница , што било задолжително според проектот,а ниту надзорот „Евроколсалтинг“ не се погрижил да проекттот се изведе во целост и според законската регулатива, од гранулацијата на тампонот, ископи за банкини , степен на набиеност на поставениот тампон и други технички детали при реконструкција задолжителни со законска регулатива.

    На официјалната страна на ЈП „ДП“ , воопшто не е истакната оваа јавна набавка ,спецификацијата на барани работи за изведување и цена на истата.Според изворот на Охридскај за ревитализација – тампонирање на банкини на дел од делница А3 изградба на потпорни ѕидови , првично биле предвидени 1,5 милиони евра народни пари, но со бројни анекси цената на ваквата глупост пораснала на фантастични 15.000.000 евра или 1 милион евра по должен километар поставување на 40 сантии тампон во ширина, при тоа воопшто да не се изгради ниту еден потпорен ѕид, нешто што преставува криминал од светски размери…

    Реадкцијата Охридскај во неколку наврати се обиде да стапи во контакт со ЈП „ДП“ ,на сите телефонски повици,секако вообичаено никој не одговара…

    Продолжува

    С.Д.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img