Гастроентеролог го откри појадокот со четири состојки што го јаде секој ден

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Здравиот појадок е идеален за почеток на денот, а доктор Вил Булсиевич откри како го подготвува за себе и за своето семејство.

Овој гастроентеролог сака едноставни и брзи опции бидејќи знае колку бурните и хаотични утра можат да бидат.

Тој на Инстаграм откри дека станува збор за смути што го подготвува од замрзнати боровинки, банани, млеко од соја и никулци од брокула. Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека смесата не стане мазна, пренесува N1 Сараево.

„Тоа е се што ви треба. Можете исто така да додадете ленено семе или ореви“, рече тој.

Погрижете се состојките што ќе ги изберете за вашето смути да бидат хранливи, така што вашиот појадок ќе ви даде енергија и ќе ве држи сити до ручек.

Смути се идеален начин да ги натерате децата да јадат повеќе свежо овошје и зеленчук“, заклучи д-р Булсиевич.

Share This Article