More

    Уште едно неверојатно издание на Ријана

    spot_img

    Бремената Ријана позираше за насловната страница на „Вог“ и уште еднаш го покажа својот посебен стил. Пејачката позираше за насловната страница во црвен комбинезон од тантела со ракавици и чевли со високи потпетици.

    Во големото интервју за Вог“, Ријана зборувала за мајчинството и за нејзиниот стил во бременоста.

    „Кога дознав дека сум бремена, си помислив: „Нема шанси да одам да купувам на одделот за трудници. Извини, премногу ми е забавно да се дотерувам. Нема да дозволам тој дел од мене да исчезне само затоа што моето тело се менува“, рекла таа.

     

    На спомнувањето на фармерките за трудници, Ријана ги превртела очите. Ако тоа не е нешто што го носела пред бременоста, тогаш тоа не е нешто што ќе го носи сега, вели пејачката. Стилист ѝ помага со нејзината трудничка облека.

    „Знам дека не спие бидејќи моите мерења буквално може да се менуваат од час во час. Всушност, сигурна сум дека после ова ќе бара покачување“, изјавила Ријана.

    „Се надевам дека успеавме да го редефинираме она што се смета за пристојно за трудниците. Моето тело прави неверојатни работи во моментов и нема да се срамам од тоа. Ова време треба да биде славеничко. Зошто би ја криела мојата бременост?“, додала таа.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img