More

    Хамас го обвини Бајден за хаосот во болницата

    spot_img

    Израелската армија денеска објави дека влегла во комплексот Ал Шифа, најголемата болница во Газа, повикувајќи ги милитантите на Хамас да се предадат. Д-р Мунир ал Бурш, генерален директор на Министерството за здравство на Газа, изјави за Ал Џезира дека израелските сили влегле во западниот дел на здравствениот комплекс.

    – Се слушаат големи експлозии, а прашина доаѓа до областа каде што се наоѓаме. Веруваме дека експлозија се случила во самата болница – рече Бурш.

    Неколку часа подоцна, портпаролот на министерството, Ашраф ал-Кидра, изјави дека „окупациската војска сега е во подрумот и пребарува“.

    – Тие се во комплексот, пукаат и гранатираат. Израелските сили првично ги нападнаа одделите за хирургија и за прием на итни случаи – рече Мохамед Закут од Министерството за здравство.

    Очевидец во болницата изјави за Би-Би-Си дека тенкови и командоси упаднале во главниот оддел за итни случаи.

     

     

    Во изминатите денови има се повеќе повици од меѓународната заедница за хуманитарен прекин на огнот, а судбината на таа болница е во центарот на светското внимание поради влошените услови таму. Во болницата се сместени илјадници пациенти, членови на медицински персонал и бегалци.

    Палестинското движење Хамас соопшти дека претседателот на САД Џо Бајден е одговорен за тековната израелска операција во болницата „Al Шифа“ во Газа.

    -Ние ја сметаме окупацијата (името што Хамас го користи за Израел) и претседателот Бајден целосно одговорни за нападот на израелската армија врз медицинскиот комплекс Ал Шифа – се вели во соопштението на Хамас на арапски јазик.

    „Предупредуваме дека може да се случи масовно убиство во болницата“, соопшти Министерството на Хамас.
    Израел тврди дека милитантното движење Хамас има команден центар под Ал Шифа.

    Израелската војска соопшти дека во болницата донеле инкубатори храна и медицински персонал.

    „Медицински тимови и војници кои зборуваат арапски се на терен за да се погрижат се да им биде доставено на оние на кои им е потребно“, соопшти израелската армија.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img