More

    Состанокот на ОБСЕ ќе ги скрати и часовите во Скопје

    spot_img

    Владата денеска одлучи работното време на сите вработени во државната и во јавната администрација на територијата на Скопје на 29 ноември 2023 година (среда), да заврши во 12 часот, а 30 ноември 2023 година (четврток) ќе биде неработен ден за сите вработени во државната и во јавната администрација, на подрачјето на град Скопје.

    Причината за ваквата одлука е одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и на 1 декември 2023 година во Скопје, а по предлог на Министерството за надворешни работи.

    Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје – коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање.

    Владата им препорачува на општините во градот Скопје и на Град Скопје да ги спроведат заклучоците. Оваа препорака се однесува и на приватниот сектор на подрачјето на градот Скопје, посебно од подрачјето на општина Карпош и на општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img