More

    Кривичен суд ја појаснува одлуката на судот во Стразбур за Јанакиески

    spot_img

    Основниот кривичен суд Скопје поладнево реагираше на информациите дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресудил дека определените притвори за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за случаите „27 април“ и „Шпански скали“ биле неосновани.

    Од таму тврдат дека никаде Стразбур не рекол дека „притворите се неосновани“, туку дека Европскиот суд за човекови права реагирал за должината на жалбeната постапка за Јанакиески по ваквите опредлеени мерки за обезбедување.

    Во однос на одредени медиумски известувања и коментари за одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур на апликантот Миле Јанакиески против РСМ и наводите дека „притворот бил неосновано определен“ апелираме до медиумите, но и правните критичари, дека е потребно прецизно и дословно известување за вакви сензитивни теми.

    Според пресудата – притворот за Миле Јанакиески е оправдан, а критикувана е должината на жалбената постапка.

    Имено, пресудата на ЕСЧП е веќе достапна на нивната веб страница и потребно е точно и внимателно да се прочита нејзината содржина пред да се навлезе во неосновани критики и погрешни заклучоци, со кои се информира јавноста.

    Во ниту еден дел не ја оспорува основаноста на определените мерки притвор и куќен притвор во прв степн, напротив ЕСЧП констатирал дека притворот бил оправдан, туку судот утврдува пропусти во лишувањето од слобода на обвинетиот, како и „брзината“ на жалбената постапка во повисок степен.

    Во прилог на образложението дека основаноста на определениот притвор бил поткрепен со соодветни докази говори и точка 95 од пресудата според која „нема индикации дека оценката направена од домашните судови во овој поглед била произволна или очигледно неразумна“

    Заради сето тоа сметаме дека е потребно пред се точно и дословно известување и коментирање во однос на пресудите на ЕСЧП бидејќи во спротивно се гради дискредитирачко јавно мислење за постапувањето на судот“, се вели во реакцијата од Кривичен суд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img