Најдовме уште едно фасцинантно видео од јапонските училишта. Овојпат, станува збор за еден цел ден во јапонско училиште за основно образование.
Во училиштето, како и во повеќето училишта ширум Јапонија, имаат и предмет наречен: Животно образование (Life education).
Aко се уште не ви е јасно зошто е оваа земја толку чиста и зошто Јапонците се толку единствени, погледнете како изгледа воспитувањето на децата уште од прво одделение.
Во рамки на животното образование, како што веќе знаеме, спаѓа и носењето на храната, раскревањето после јадење, чистењето на училиштето. Исто така, интересно е и тоа што уште кога поаѓа во училиште секој ученик сади некоја билка за која самиот се грижи во текот на школувањето, а по завршувањето на училиштето, си ја зема дома.
Побарајте го видеото ТУКА.
Фото: Freepik