More

    Девојката која го истетовира името на своето момче на челото шокираше со ново видео: Зажалив

    spot_img

    Инфлуенсерката Ана Стансковски стана вирална откако објави видео на кое покажа како го истетовирала името на своето момче на средината на челото и објавила дека воопшто не жали за својата одлука.

    Стансковски, која има бројни тетоважи по целото тело, објави ново видео и ги шокираше сите кога призна дека се работи за лажна тетоважа, која потоа ја избриша од челото.

    „Сè што сакам да кажам е дека се каам за мојата тетоважа…но не за оваа. Бидејќи ова всушност не е вистинска тетоважа. А причината зошто го излажав целиот интернет е тоа што имам порака до младите и сите луѓе кои сакаат да се тетовираат“, вели таа во видеото кое е прегледано дури 32 милиони пати.

    „Сакам сите да знаат дека се покајав за моите тетоважи и дека можеби ќе се каете за вашите кога ќе остарите. Како некој кој е целосно покриен со тетоважи, чувствувам дека е моја одговорност да зборувам, да го споделам моето искуство и кога луѓето ќе ме видат на социјалните мрежи, првото нешто што го забележуваат кај мене се моите тетоважи. Значи, ако сакам да влијаам на луѓето, сакам да влијаам врз нив на вистински начин“, објасни таа.

    Видеото од нејзината исповед предизвика бурни реакции, а имаше и интересни коментари.

    „Прекасно, веќе имам тетоважа на челото“, се пошегува еден тиктокер, а друг продолжи: „А што да правам сега со тетоважата „Кевин“ на челото?

    „Не ни мислев дека имаш вистинска тетоважа“, ѝ напишал трет следбеник, а некој рекол: „Не жалам за ниту една моја тетоважа“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img