Со само 33 години, Бритни Чрч може да се пофали со големо семејство. Таа родила 12 деца и за да не ги изгуби во толпата користи поводник. Токму поради тоа таа се најде на удар на корисниците на Тик-Ток кои ја обвинуваат дека ги третира децата како кучиња.
„Многу ми е поважно моите деца да бидат безбедни и да не се разбегаат во три различни насоки кога ќе излеземе, отколку да се грижам што мисли некоја мајка за мене“, вели Бритни во видеото што го објави на Тик-Ток, а во кое одговора откако е прозвана од една нејзина следбеничка на социјалните мрежи.
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.