More

    Болницата Ал-Шифа, најголемата во градот Газа, речиси е претворена во гробишта бидејќи околу болницата има тела кои не можат да се однесат во мртовечници или да се закопаат

    spot_img

    Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека болницата Ал-Шифа, најголемата во градот Газа, речиси е претворена во гробишта бидејќи околу болницата има тела кои не можат да се однесат во мртовечници или да се закопаат.

    Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, изјави дека околу 600 луѓе останале во болница, пренесува Би-Би-Си.

    Директорот на болницата Мохамед Абу Селмија изјави дека израелските власти се уште не дале дозвола тела на починати да бидат транспортирани од болницата за погреб.

    „Израелската војска стигна до портите на најголемата болница во Газа додека стотици пациенти, вклучително и десетици бебиња, останаа заробени внатре. Илјадници луѓе ја напуштија болницата Ал-Шифа во градот Газа, но здравствените власти соопштија дека преостанатите пациенти умираат поради недостиг на енергија. Најмалку 32 пациенти, вклучително и три предвремено родени бебиња, починале во изминатите три дена“, соопшти Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас.

    Директорот на агенцијата на ОН за палестински бегалци, УНРВА, предупреди дека хуманитарните операции на групата во Газа ќе бидат прекинати во следните 48 часа, освен ако не се дозволи гориво на опколената територија. Генералниот комесар на УНРВА, Филип Лазарини, рече дека складиштето за гориво на агенцијата во Газа повеќе нема да може да ги снабдува болниците.

    УНРВА соопшти дека едно од нивните училишта во северниот дел на Газа и зградата означена како резиденција на меѓународниот персонал на ОН во областа Рафа биле директно погодени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img