Еден од најдобрите трилер режисери Дејвид Финчер, кој има хитови како „Fight Club“ и „Zodiac“, во неодамнешното интервју откри дека Бред Пит одбил да се појави во неговиот последен филм „Убиецот“ (The Killer, кој Финчер го сними за Нетфликс.
„Убиецот“ е акционен трилер, заснован на истоимениот француски графички роман од 1998 година, кој следи неименуван платен убиец „изгубен во свет без морален компас“. Главната улога во филмот ја имаше Мајкл Фасбендер, но тој не бил првиот избор на Финчер за улогата на платениот убиец.
Финчер во едно интервју изјавил дека на адаптацијата на графичкиот роман работел од 2007 година, а во 2008 година му ја понудил главната улога на Бред Пит. Меѓутоа, на Пит не му се допаднала мрачната атмосфера на филмот.
„Првично планирав да му дадам улога на Бред Пит уште во 2008 година“, рекол Финчер. „Но, неговиот одговор на понудата беше: „Ех, ова е премногу нихилистичко за мене.“
„Ни требаше некој кој би можел да го прифати тој аспект на ликот. Десет години подоцна, кога јас и Енди разговаравме за тоа, помислив на Мајкл Фасбендер“, додал режисерот.
Фасбендер направил кратка пауза од актерството во овој период за да се посвети на семејството и автомобилските трки. Финчер му го испратил сценариото за филмот и кратка порака, на што актерот одговорил неколку часа подоцна, прифаќајќи ја улогата.
„Убиецот“ имаше премиера во одредени кина минатиот месец и моментално е достапен на Нетфликс, каде што за неколку дена се најде на врвот на гледаноста.