Доколку се запрашате како во Јавното обвинителство во Охрид заврши предметот кој го обзнани Охридскај – „ Полициски испектор-обезбедувач во ноќен клуб, со кундак од пиштол претепал брачен пар во Охрид,СВР Охрид сака да го заташка случајот???“,како и сите до сега претепувања ,завршува без никаква мерка ,поточно – ПО РЕДОВНА ПОСТАПКА!!
Ваквите одлуки кој години наназад се носат во ЈО Охрид ,постанаа јавно обвинителска пракса ,која допринесува во унапредување на насилниот криминал,но не само на оваа врста на криминал, туку и во сите останати свери на развој на криминалот…
ОБВИНИТЕЛИ „ПРОФЕСИОНАЛНИ“ РИБАРИ,ЗАКЛУЧЕНИ И ЗАБАРИКАДИРАНИ ОД СИТЕ СТРАНИ?!
Криминалниот хаос кој владее во Охрид ,секако дека е со голема полициско – обвинителска логистика,од една страна раководството на охридската полиција обвинува ,дека обвинителите не соработуваат и не превземаат дејствија ,како и дека во 90 % од случаи кој СВР Охрид со кривични пријави ги процесуирало до ЈО Охрид ,завршувале со пуштање на слобода на сторителите на кривични дела по редовна постапка, што допринесувало сторителите на казниви кривични дела да земаат замав по некаков си принцип „никој ништо не ни може“.
Според охридската јавност голем дел од вината за развојот на криминалитетот во Охрид ,како еден од главните виновници го посочуваат Јавното Обвинителство во Охрид, кој обвинители се однесувале како професионални рибари „фати риба капиталец криминалец,бакниго и врати го назад во криминалните води“!?
Доколку некоја оштетена странка има потреба да пријави или да запраша за некој предмет во ЈО Охрид ,тогаш пред вратите на охридското обвинителство ќе согледа нов проблем.Имено ЈО Охрид има комплетно заклучани врати ,каде се велгува со картица.Обвинителството нема дешурен портир,па така секоја странка доколку сака да заврши работа ,ќе мора да чека некој од вработените во ЈО Охрид да излезе случајно,па да молат да им овозможат влез до писарница или до кај некој основен обвинител, нешто што се коси со сите закони за непречен влез во една институција која треба да спроведува право.
‘ Свежи се примерите ,кога сега разрешен јавен обвинител во ЈО Охрид со години чувал предмети и со судии и странки се договарал како истите да ги застари,нешто за што излезе и видео материјал,но за жал се остана на разрешување, а оштетените страни немаат можност да си го надохнадат изгубеното, од свесвото застарување на предметите ,каде истите се оштетени.Сега истиот тој поранешен јавен обвинител ,без да му недостига влакно од главата ,глуми адвокат колумнист,поточно срам за адвокатската фела…
Дрога ,претепувања,дивоградби,селективно постапување,корупција?!!
Доколку се погледне хронолошки последните години работата на ЈО Охрид,ќе се увиде поразителен резултат од работата на Обивнителство,нешпто што секојдневно е предмет на укажување на европските политичари,а тоа е дека нема владеење на правото во рамки на правна држава и секако тоа е неспорен елемент.
За пример нека биде фактот ,дека една фирма и едно лице се појавуваат 7 години наназад како главни генератори на вршење на кривично дело „Дивоградба“.Истото тоа лице им гради дивоградба и пред прозорите на ЈО Охрид ,поточно пред нивни нос, а ЈО Охрид глуми слепило пред очи,додека од друга страна поденсува обвинение за изградба на пелевна во село Речица…,не бива.
Кој како дилер се фати со дрога и тој оди во редовна постапка, не е добро детето да се притвори или затвори, ќе страдаат коминтентите низ Охрид ,ќе се уништи вносливиот бизнис ,ќе му помине рокот на кокаинот…!!!
Кога сакаат надлежни, кога не им одговара ненадлежни обвинители???
Во последниов настан „Полициски испектор-обезбедувач во ноќен клуб, со кундак од пиштол претепал брачен пар во Охрид,СВР Охрид сака да го заташка случајот“,јавната обвинителка од ОЈО Охрид преземала надлежност која припаѓа на ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција?!Според закон за лица со полициски овластувања ,надлежен е ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција и само тој може да постапува,барем така беше до пред 1 месец кога ЈО Охрид за кривично дело Обид за убиство,каде како сторители на кд се јавуваат тројцаполициски службеници, цели четири месеци мака измачи како да го заташкаат предметот,за покасно да се повикаат на измени на ЗКО ,каде надлежност била на ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција!
Во последниот случај кој ја разбранува македонската јавност,ЈО Охрид постапувала и против полицискиот испектор,поточно на некој начин ги преземала овластувањата од ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција.Така надлежноста ја спроведуваат спрема моменталниот личен нивни закон или можеби ,некој лица сторители на казниви дела се над законот,а до тогаш целиот систем завршува во некоја си припиздина…
С.Денесовски