Неочекуван расплет на Мастерсот во Торино

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз загуби од Германецот Александар Зверев со 6:7, 6:3, 6:4 во првиот меч од „Црвената група“ на завршниот Мастерс во Торино.

Во дуелот во кој речиси се зависеше од тоа колку добро ќе сервира Германецот, се покажа дека Зверев може да го искористи својот најсилен адут. Toj направи по еден брејк во вториот и во третиот сет и на тој начин стигна до голем триумф.

Погледнете детали од овој интересен меч:

Алкараз, кој беше голем фаворит во овој дуел, со овој пораз значително ги намали шансите за освојување на едно од првите две места во групата и пласман во полуфиналето. Овој пораз го одалечи од посакуваниот дуел со Новак Ѓоковиќ, кој изгледа му е опсесија.

Новак Ѓоковиќ го совлада Холгер Руне (2:1). Српскиот тенисер до таа победа, со која успеа да го одбрани првото место на АТП листата до крајот на 2023 година и по осми пат во кариерата да ја заврши календарската година како најдобар во светот, дојде тешко. Инспирираниот Данец му зададе големи маки, а во еден момент нервозниот Ѓоковиќ ги скрши своите два тениски рекета.

Ѓоковиќ со победата над Руне стана првиот тенисер во историјата кој забележал над 400 недели на светскиот тениски врв.

Share This Article