Српските медиуми ја пренесоа веста дека рано утринава извесен Зоран Р.(54) од селото Милутовац со огнено оружје тешко ја ранил љубовницата И.К.(44) во Крушевац, а потоа меѓу селата Кукљин и Јасика ја убил и сопругата В.Р. (50), по што се самоубил.
Трагичен настан, но не толку редок во голема земја каква што е Србија.
Она што ја прави оваа вест бизарна се настаните кои им претходеле на трагичните настани.
Така, на социјалните мрежи осамнаа фотографии на кои Зоран ги гушка сопругата и љубовницата.
Има и фотографија на која тие двете се прегрнуваат и позираат покрај сообраќајниот знак на влезот во селото Милутовац, од каде што е убиецот Зоран.
Засега не се знае дали Зоран и И.К. биле љубовници во моментот кога се снимени овие фотографии и дали неговата сопруга знаела за неговата врска.