More

    Во Србија ќе се снима филм за српскиот пејач, главната улога „таксана“ за холивудскиот актер

    spot_img

    Роберт де Ниро може да се појави во ликот на Мирослав Илиќ, доколку неговиот менаџер ја реализира идејата да го донесе славниот холивудски актер во Србија и да му ја додели главната улога во филмот за популарниот српски пејач.Менаџерот и пријател на пејачот, Саша Мирковиќ открива детали за филмот кој ќе го овековечи патот на Мирослав Илиќ од родниот Мрчајевац до ѕвездите, пренесува Курир.рс.
    -Мирослав Илиќ е жива легенда и заслужува неговото патување од родниот Мрчајевац до ѕвездите да биде прикажано и претставено пред бројните обожаватели на неговиот лик и дела. Не сакам да чекам да умре за да снимам филм за него! Верувам дека тоа веќе го заслужи во текот на животот бидејќи постигна сериозен успех, но човекот е легенда – вели Мирковиќ.

    Тој вели дека токму Роберт де Ниро е идеален за ликот на Мирослав Илиќ поради нивната физичка сличност.
    – Роберт де Ниро го гледам како идеален за главната улога, пред се поради годините, но и поради физичката сличност. Работам напорно да ја донесам таа холивудска ѕвезда во Србија! Не можам да ги откријам сите детали, но ќе ви кажам дека ќерката на Де Ниро, Дрина, обожава да ги слуша песните на Илиќ – вели менаџерот.
    Филмот за Мирослав Илиќ ќе има два дела бидејќи, како што вели Мирковиќ, еден не е доволен за таков музички великан. Првиот дел ќе биде посветен на неговите музичките почетоци, додека вториот дел ќе се фокусира на сегашноста.
    – Покрај Де Ниро, кој, се надевам, ќе го глуми Мирослав во неговите зрели години, Илиќ како млад човек ќе го игра еден млад, неафирмиран актер. Сакам да му дадам шанса на еден млад уметник да влезе во светот на филмската индустрија. Засега не знам кој ќе ја добие таа можност – вели Мирковиќ.
    Мирослав Илиќ, не сака да открие детали од филмот за неговиот живот само накратко ја коментира идејата неговиот лик да го глуми славниот холивудски актер.
    – Засега само се крчка, идејата е уште во зародиш и ќе видиме што ќе биде. Не можам да ви кажам ништо конкретно освен дека омилен актер ми е Де Ниро – изјави Мирослав Илиќ.
    Српските медиуми потсетуваат дека Роберт де Ниро не крие колку ја сака Србија и ја прераскажуваат случката кога како студент патувал низ Европа и завршил во Ниш.
    – Немав пари, запирав камиони на патот. Сакав да стигнам до Белград, а камионџијата ме возеше до главниот плоштад во Ниш. Еден човек ми понуди сместување и храна. Бев трогнат од тој гест, човекот ми рече да се чувствувам како дома. Поминаа многу години, а јас се уште се сеќавам на секој детал – се присети во една прилика Де Ниро.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img