More

    Утре е клучен ден и за приватните превозници и за ЈСП „Скопје“, бидејќи ако се изгласаат субвенциите од 110 милиони денари, тие ќе продолжат со работа, а во спротивно може да дојде до колапс на целиот јавен превоз

    spot_img

    Утре е клучен ден и за приватните превозници и за ЈСП „Скопје“, бидејќи ако се изгласаат субвенциите од 110 милиони денари, тие ќе продолжат со работа, а во спротивно може да дојде до колапс на целиот јавен превоз.

    Според нашите информации за утре е закажана вонредна седница со една точка на дневен ред Одлука за изменување на Одлуката за давање на субвенции на ЈСП Скопје за 2023 година. Доколку советниците ја изгласаат оваа точка, тогаш парите ќе им бидат префрлени наредниот ден и вработените во јавниот превоз ќе добијат плата.

    Тоа што во еден месец трипати овој проблем се става пред советниците, говори дека состојбата на ЈСП „Скопје“ воопшто не е толку добра како што раководството, па и Град Скопје, се обидува да ја претстави пред јавноста.

    Плусинфо пред неколку дена пишуваше дека се крчка нов штрајк на приватните превозници, бидејќи, како што дознавме, Јавното претпријатие „Скопје“ веќе 4 месеци не врши исплата според договорената динамика, а доцни и авансот. Поради тоа, дел од сопствениците на приватните автобуси веќе ги паркираат автобусите.

    Но тогаш, ЈСП испрати демант во кој се велеше дека: „Вистината е дека јавниот градски сообраќај функционира непречено, редовно и без застој. Нема најави за штрајк, ниту пак недостаток на гориво“.

    Интересно е и тоа што Град Скопје само неколку часа претходно соопшти дека започнал со имплементација со БРТ транспорт, со цел, како што велеа во нивното соопштение на граѓаните им биде понуден модерен и навремен јавен градски превоз, надминувајќи ги проблемите со кои се соочува и ЈСП и граѓаните кога станува збор за градскиот превоз.

    Инаку со какви сѐ проблеми се соочува јавното сообраќајно претпријатие на минатата седница образложи директорот на ЈСП, Крсте Петревски.

    Тој објасни дека трошоците на претпријатието се огромни, дека за плати на годишно ниво се издвојуваат 812 милиони денари, приближно колку што се сопствените приходи на ЈСП, додека расходите на претпријатието се проектирани на 2 милијарди денари годишно.

    Според Петревски, еден од најголемите трошоци е нафтата, како основно средство за функционирање на јавното претпријатие и за неа годинава ќе се потрошат околу 480 милиони денари, но и 16 милиони за други горива, 28 милиони за резервни делови, околу 22 милиони денари за струја, за гуми 10 милиони, додека за приватните превозници годишниот трошок е 340 милиони денари. Тука е и отплатата на долговите, бесплатниот превоз на студентите и средношколците, сервисирањето, одржувањето и уште многу други трошоци.

    – Претпријатието без помош со субвенции од Град Скопје се изложува на тешка состојба, ќе има проблем за нормално функционирање, бидејќи сопствените приходи на претпријатието се околу 930 милиони денари. Знаете дека многу категории граѓани ЈСП ги вози бесплатно, за поголемиот дел сѐ уште немаме добиено од Владата 360 милиони денари, ветено е дека се влезени во ребалансот, но уште нема одлука за исплата на средствата – рече директорот на ЈСП на претходната седница на Советот.

    Тој истакна дека доколку ЈСП не ги добие субвенциите, можен е застој во нормалното функционирање на јавниот градски превоз, но дека во прашање се доведува и редовната исплата на платите.

    На вонредната седница што ќе се одржи утре, Одлуката за измена на одлуката за давање субвенции на ЈСП „Скопје“ за 2023 година, со која износот од 440 милиони денари се зголемува на 550 милиони, е единствена точка на дневен ред. Очекувано е дека по двапати одбивање, конечно советниците ќе ги одобрат субвенциите.

    ЈСП „Скопје“ со години опстојува со помош на субвенции од Градот. Судбината на градскиот превоз повторно останува во рацете на советниците на вонредната седница на Град Скопје закажана за утре, откако претходно неколку пати коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ не ја гласаше точката за субвенции на ЈСП со образложение дека побарале од раководството да им достави извештај за работењето на ова претпријатие, а кое не им било доставено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img