Фудбалерите на Интер се вратија на врвот во италијанскиот шампионат со рутинска домашна победа од 2:0 (1:0) против Фросиноне во последниот натпревар од 12. коло.
Интер поведе со одличниот гол на Федрико Димарко од повеќе од 50 метри, а победата ја потврди Хакан Чалханоглу од пенал на почетокот на второто полувреме.
Екипата на Симоне Инзаги е закотвена на врвот на табелата со 31 бод, а два помалку има Јувентус кој се наоѓа на втората позиција.
Киксот на Милан, односно ремито против Лече, дополнително го оддалечи од врвот, па сега „росоњерите“ заостануваат цели 8 бода зад „нероаѕурите“.
Лудиот гол на Димарко погледнете го ТУКА.