Израелските одбранбени сили објавија дека уште двајца нивни војници загинале во борбите во Газа. Со тоа вкупниот број на загинати од израелската страна во борбите внатре во појасот достигна 44. Бројот на загинатите Палестинци надмина единаесет илјади.
ИД ги именуваше војниците како членови на командоската бригада мајор Исахар Натан (28) и штабниот наредник Итај Шохам (21).
ИД утринава објави дека ги продолжува копнените операции во северниот дел на Газа, со серија операции на периферијата на бегалскиот камп Ал Шати, кои доведоа до запленување на оружјето за кое тврдеше дека му припаѓа на Хамас.
Детално за ситуацијата во Газа можете да прочитате на нашиот БЛОГ ВО ЖИВО.