More

    Археолозите во Англија пронајдоа огромен череп на воден рептил од пред 150 милиони години

    spot_img

    На југот на Англија, археолозите откопаа череп на голем воден рептил стар 150 милиони години, јавува Би-би-си.

    Черепот на Плиосаурус со вилици со 130 големи заби, е долг повеќе од два метри и е еден од најдобро сочуваните досега откриени во светот.

    Археолозите проценуваат дека Плиосаурусот бил долг помеѓу 10 и 12 метри со четири големи перки со кои можел многу брзо да плива и веројатно бил главниот предатор во морињата во периодот Јура.

    „Животното беше толку огромно што можеше ефективно да лови се што е доволно несреќно за да биде во негова близина“, вели д-р Андре Ру од Универзитетот во Бристол.

    Неговата исхрана се состоела од други водни влекачи. а анализата на фосилните наоди покажува дека јадел и други плиосауруси.

    Тој ѕвер имал развиени сетила, корисни за лов: муцката му е испреплетена со мали дупчиња во кои, се претпоставува, биле органите со кои можел да ги почувствува промените во притисокот на водата, која со пливање прави потенцијален плен пред да го види.На черепот има отвор за „париетално“, или „трето око“. Гуштерите, жабите и некои риби ги имаат и денес: тие се чувствителни на светлина и би требало да помогнат да се лоцираат други животни, што беше корисно за Плиосаурусите во длабока, темна, матна вода.

    Археолозите планираат пронајдениот череп да го изложат следната година во музеј во Кимериџ.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img