Безбедносната компанија McAfee неодамна го објави своето Глобално истражување за пораките за „измама“. Извештајот ги предупредува корисниците на паметни телефони и наведува 7 опасни пораки што криминалците ги испраќаат преку СМС или WhatsApp за да хакираат уреди или да украдат пари
„Добивте награда…“
Оваа порака може да дојде со мали промени, како што е специфицирање на освоената награда. Но, постои 99% шанса добиената порака да е измама и да е наменета за кражба на кориснички податоци или пари, пишува Gadgets Now.
Лажна понуда за работа
Запомнете, понудите за работа никогаш не доаѓаат преку WhatsApp или СМС. Ниту една сериозна компанија никогаш нема да ве контактира преку SMS или Whatsapp порака.
Лажни пораки од банки
Пораките во име на банката што ги добивате преку СМС или WhatsApp, во кои од корисниците се бара да го завршат процесот за верификација на идентитетот преку URL-врска во пораката, се измами. Нивната цел е да ви ги украдат парите.
Купување што не сте го направиле
Секоја информација за купување што не сте ја направиле е измама. Ваквите пораки се напишани на таков начин што ќе ги намамат примателите да кликнат на сомнителна врска и на тој начин да дозволат да им бидат хакирани телефоните.
Информации за истекување на претплатата на Netflix
Со порастот на популарноста на услугите OTT, измамниците се обидуваат да ги намамат корисниците на паметни телефони со пораки поврзани со Netflix. Тоа може да бидат бесплатни понуди или пораки кои ја нагласуваат итноста на истекување на претплатата.
Лажни известувања за пропуштена испорака или проблем со испораката
СМС или WhatsApp известувања за пропуштена испорака или други проблеми со испораката се исто така опасни. Ова може да биде случај и кога сте направиле купување.
Безбедносно предупредување од Амазон
Замки се и безбедносните предупредувања или известувањата на Амазон за какви било ажурирања на вашата сметка. Имајте предвид дека Амазон или која било компанија за е-трговија никогаш нема да ве контактира преку СМС или WhatsApp за вакви важни предупредувања.