Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија еруптираше синоќа и исфрли големи количини пепел, чад и лава, јави агенцијата Анса.
Објавени се и снимки кои покажуваат големи облаци од пареа, пепел и лава кои избиваат од кратерот на најактивниот вулкан во Европа.
Во информацијата на агенцијата се вели дека аеродромот во најблискиот голем град Катанија останува отворен и покрај вулканската активност, иако вулканските ерупции често го затвораат блискиот воздушен простор.
Вулканот Етна има богата историја на ерупции уште од 1500 година п.н.е. Последен пат, во 2021 година, по серија ерупции вистината на планината се зголеми за околу 30 метри.
Деновиве се забележуваат интензивни активности, ерупции и потреси на вулканите на островска земја Исланд.