Хрватското обвинителство откри детали од увидот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Жупаниското државно обвинителство во Винковци соопшти детали од несреќата на министерот за  одбрана Марио Баножиќ во која тој е повреден а едно лице загина.

Билјана Лубуриќ, заменик државна обвинителка изјави дека при увидот е утврдено дека  дека 44-годишен хрватски државјанин возел од правец на Винковци и почнал да престигнува камион без да провери дали може тоа да го направи на безбеден начин и удрил во  комбе кое се движело од спротивна насока.

– Во судирот починал возачот на комбито, додека возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Винковце, а подоцна и во Осиек – информира таа.

Таа информира дека се семени примероци од крв и урина за да утврдат присуство на алкохол, но дека се уште ги немаат резултатите, но не откри со која брзина се министерот Баножиќ, ниту во која насока ќе оди извештајот. Таа потврди дека двајцата возачи биле врзани, а имаат и еден сведок, камионџијата, кој бил сослушан.

Што се однесува до присуството на воената полиција, тој вели дека секогаш треба да биде присутна кога има несреќа на воено лице, но да не влијае на истрагата.

Претходно медиумите овјавија дека не е законски да присуствува воена полиција на увид на сообраќајна несреќа која ја направиле грашански лица.

Share This Article